- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Светскиот ден на безбедност и здравје при работа во ек на пандемијата на корона вирусот

КСС: Светскиот ден на безбедност - Работник
357views

Денес се одбележува Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Оваа година се сеќаваме на денот од своите домови поради епидемијата од корона вирусот и во вакви услови сфаќаме дека здравјето и безбедноста на работното место е многу важна компонента на она што значи достоинствено работно место, истакнаа од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС.

„Со одбележувањето на 28 ми Април, Светскиот ден на безбедност се вклучуваме во глобалната кампања со која бараме безбедно, здраво и достоинствено работно место кое ќе се обезбеди од страна на сите релевантни чинители“, велат од КСС.

Како што велат, секој ден, 6.300 луѓе умираат како резултат на професионални несреќи или болести поврзани со работата – повеќе од 2,3 милиони смртни случаи годишно на светско ниво, 317 милиони несреќи се случуваат на работа годишно и многу од нив резултираат во зголемено отсуство од работа.

Посочуваат дека правото за здравје и безбедност се универзални човекови и работнички права, тоа е потврдено и со објавените 187 Декларации и 198 Препораки од страна на Меѓународната организација на труд.

3 5

„Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија со своето делување се труди да обезбеди примена на сите стандарди утврдени од страна на Меѓународната организација на труд преку свои барања до релевантните институции, доставување на свои предлози и едукација на членството и стручните лица од областа“, велат од КСС.

Во време на светска пандемија Конфедерацијата заедно со други организации и здруженија доставила платформа за справување со моменталната состојба со вирусот со намера штетите по работникот да се сведат на минимум. Во светот се случува масовно губење на работни места и влошување на социо-економскиот статус на вработените што е случај и во нашата земја. Човечката цена на оваа секојдневна неволја е огромен и економски товар на лошата практика на безбедност и здравје при работа.

Воедно, од КСС изразуваат благодарност и до сите вработени кои во оваа тешка работна атмосфера се трудат да ја извршуваат својата работа професионално со моменталното сепак недоволно ниво на безбедност и здравје при работа.

Advertisement