МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

КСС: Социјалната криза без покажување на солидарност многу лесно ќе прерасне во институционална криза

КСС: Невработените - Работник
145views

Инспирирани од последните случувања во државата, почувстувавме потреба да ја известиме јавноста и да побараме поддршка за последните случувања во делот на здравствената криза поради случувањата со коронавирусот, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС во соопштението до јавноста.

„Како последица на сето тоа заразени се многу работници непочитувајќи и неприменувајќи ги насоките за заштита при работа. Треба да ја имаме во предвид и моменталната социјална криза која е на прагот на нашата држава само поради тоа што немаме во предвид социјален дијалог, со кој би се превенирале ваквите кризи“, истакнаа од КСС.

Од КСС посочија дека уште пред два и пол месеци тие до јавноста предложиле детални превентивни и социјални мерки изработени заедно со стручни лица од областа на трудовото право и доктори по трудова медиџина од сферата на безбедност и здравје при работа; инженери за заштита при работа, релевантни и легитинми социјални партнери со капацитет и обуки за справување со вакви кризи коишто секојдневно добивале информации од терен. Велат дека Македонското здружение за заштита при работа испратило релевантни мерки за заштита од коронавирусот со детални препораки за заштита на работниците во затворен и отворен простор, со детален сет на мерки за заштита на населението и превениравање на претстојната социјална криза.

„Заштитата на трудот воопшто не беше приоритет на оваа вада, па така сега илјадници работници останаа без работа, илјадници се заразени на нивното работно место, но никој не чувствува вина, ниту ја презема одговорноста, иако надлежните институции беа навремено предупредени“, наведоа од КСС.

Од КСС посочија дека неколку пати повикале да се создаде солидарен фонд, но велат дека надлежните погрешно го протолкувале нивниот повик, па го сфатиле како фонд за правење на итни набавки за потребите за справување со здравствената криза. Повикуваат да се заштитат работниците без точни и прецизни договори за работа, за заштита на работниците во сивата економија, истакнувајќи дека очигледно надлежните не ги разбираат или пак, како што велат, не им е грижа за работниците.

„Во период кога сите мака мачиме да го преживееме месецот, тие работници од ден на ден, од месец во месец веќе немаат никаков излез, а како што гледаме повторно селективно се делат средствата од државната каса, а најранливите остануваат како и секогаш заборавени. Со ниивните маки и немаштија оставени сами на себе да се снаоѓаат во ек на ваква пандемија“, истакнаа од КСС.

КСС апелира, без никаков триумфализам, без поделба, во коресподенција со сите легитимни фактори,  да се помогне за сите заборавени, за сите беспомошни работници и семејства, а гледаме дека ги има многу. Во ситуација кога не демне ваква зараза тие немаат излез па ниту можност  да преживеат, сите сме едно, сите треба да си помогнеме, а најмногу најбеспомошните, да погледнете подалеку и да не правите поделба по никој основ. Никој не е виновен што се наоѓа во ваква состојба затоа што системот и институциите не се грижеле за нив во минатото. Сега треба да бидеме солидарни и да помогнеме на сите што останале без никаков приход и не можат да го преживеат месецот, наведоа од КСС.

КСС предупреди на неколку пати дека оваа здравствена и економска криза ќе премине во социјална криза, верувајте дека дојдовме на прагот на социјална криза и доколку не успееме да ја менаџираме во духот на солидарноста истата многу лесно ќе прерасне во политичка и институционална криза, порачаа од КСС.

Сега е потребно лидерство и ние еве сега и овде Ве предупредуваме, доколку не преземете соодветни  мерки за заштита на работниците, ние ќе бидеме лидерите во заштита на опстојувањето на нашите семејства со цел да опстанеме во ситуација кога нашиот и опстанокот на нашите најмили е доведен во прашање, стои во соопштението на КСС.