СветСветот на работникот

Не се само метлата и крпата – хигиеничарите нашле нова метода на заработка, им оди одлично

Секоја година, станодавците на Јадранот предупредуваат на ист проблем – се’ е потешко да се најдат квалитетни хигиеничари, иако саатнините значајно порaснале во последните години.

Туристичката сезона на Јадран им донела нов проблем на сопствениците на апартмани и куќи за одмор – се’ потешко е да се најдат сигурни работници за одржување на хигиена. Иако цените на услугите во последните години значајно пораснале, квалитетни хигиеничари и понатаму нема доволно, посебно оние кои знаат да ги одржуваат базените и комплетната опрема во објектите.

Искусните хигиеничари денес можат да заработат и до 25 или 30 евра по час, дури и кога сопствениците ќе обезбедат средства и опрема за работа. Меѓутоа, пронаоѓањето луѓе кои ќе ја извршуваат работата брзо и квалитетно станале еден од најголемите предизвици за издавачите на сместување.

Дополнителен проблем претставуваат базените, бидејќи нивното одржување изискува посебно знаење, а на пазарот недостигаат работници кои се занимаваат исклучително со чистење и сервисирање на базенската опрема.

Чистењето на една куќа може да чини и неколку стотици евра

Колку всушност чини чистењето на објекти по заминувањето на гостите, се обидела да дознае Санда од Пула, која поставила прашање во една група на социјалните мрежи. Ја интересирало колку се наплаќа чистењето на куќи за одмор за осум до десет лица, со четири тоалети, како и дали посебно се плаќаат базенот, двориштето и перењето на алишта.

Одговорите на сопствениците и работиците од различни делови на Хрватска покажале дека комплетната услуга може да достигне и неколку стотици евра.

Во Макарска, според искуствата на корисниците, чистењето најчесто се наплаќа помеѓу 20 и 25 евра по час. Таа цена во главно не ги вклучува базенот и алиштата, кои дополнително се плаќаат.

„Макарска, 20 до 25 евра по час, работат три до четири жени. Тоа вклучува се’ освен базени и алишта, кои посебно се наплаќаат. Алиштата се наплаќаат по три евра по килограм за перење и за пеглање со достава, додека редовната неделна посета за базен чини околу 50 евра“, навела една корисничка.

Истра уште поскапа, цената стигнува до 30 евра по час

Во Пула, според коментарите на сопствениците на објекти, цените се уште поголеми.

„Пула, 25 до 30 евра по час. Базенот се договара посебно, а постелнината ја переме сами“, напишала една членка на групата.

Кога ќе се соберат работата, бројот на луѓе и дополнителните услуги, поединци проценуваат дека комплетното средување на поголем објект може да чини помеѓу 300 и 500 евра.

„Кога ќе се соберат часовите, бројот на луѓе и сите услуги, во зависност од тоа кој работи, за таков објект треба да се издвојат помеѓу 300 и 500 евра“, се наведува во еден од коментарите.

Повеќе не е наплаќа само чистењето

Сопствениците на апартмани предупредуваат дека чистењето повеќе не е единствената услуга која се наплаќа. Се’ почесто дополнително се пресметуваат превозот, одржувањето на базените, перењето алишта, косењето трева и грижата за дворот.

Во Лабин, според искуствата на корисниците, цените за чистење се околу 20 до 25 евра по час, додека поедичените дополнителни услуги се наплатуваат посебно.

Една сопственичка на куќа за одмор открила дека на агенцијата за одржување и’ плаќа 625 евра за објектот наменет за шест лица. Во цената влегуваат чистењето, постелнината, пешкирите и терасите, додека базенот и косењето на трева се плаќаат дополнително.

„Базенот се чисти еднаш или двапати неделно во шпицот на сезоната и чини 60 евра по доаѓање. Тревата, исто така, се коси еднаш неделно и се плаќаат 60 евра по доаѓање“, навела таа.

Најголем проблем – нема доволно работници

Многу сопственици поради високите трошоци дел од работите ги извршуваат сами, посебно одржувањето на базените и дворовите.

Една изнајмувачка навела дека на хигиеничарите им плаќа 20 евра по час, додека дополнително издвојува пари за перење и пеглање на постелнината.

„За перење, сушење и пеглање на постелнини во просторија за перење плаќам четири евра по килограм. За чистење се потребни три лица и најмалку шест часа работа“, навела таа.

Сепак, најголем проблем не е само цената, туку недостигот од луѓе.

„Во Селце саатнината е 20 евра. Многу е тешко да се пронајде некој да чисти“, напишала една корисничка, пишува Dnevno.hr.

Како што туристичката сезона се развива, одржувањето на апартмани станува се’ поскапа ставка за сопствениците. Чистењето повеќе не е само кратка смена помеѓу двајца гости – туку цела работа која вклучува хигиена на објектот, грижа за базенот, алиштата, дворот и комплетното искуство на туристите.

Извор: Bizportal.rs