НовостиСиндикат

КСС со своја учесничка на Школата за жени на ИТУК/ПЕРК

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:

На 7 и 8 Ноември во Чисинау, Молдавија се одржува Школата за жени, мрежа на ITUC/PERC на која зеде учество Претседателката на Секцијата на жени при КСС. На оваа школа главни теми кои се обработуваат се ранливите групи на граѓани и родови базирани разлики во платите и пензиите, како и политики за искоренување на овие разлики. Особен аспект се дава на националните родови политики на секоја земја, како и посебното внимание на родовата димензија и вклучувањето на овие групи во националните преговори. На школата свое обраќање има Претседателката на Комитетот на жени на ITUC/PERC, Roya Garayeva и видео обраќање на Заменик генералниот секретар на ETUC, Isabelle Schömann.