- Advertisement -
Правда

Куманово на протест – бара чист воздух

Куманово на протест - Работник
242views

Македонските градови повторно меѓу најзагадените. Концентрацијата на штетни честички во воздухот и денеска беше неколку пати над дозволеното. Скопје, Куманово и Струмица повторно беа најзагадени со над 100 микрограми штетни честички.

Симболично во 5 до 12 кумановци излегоа на протест за чист воздух. Доставија предлог мерки од локалната самоуправа.

Advertisement

Бараат рестриктивно возење автомобили, бесплатен јавен превоз, 5 отсто од општинскиот буџет да се намени за мерки против загадување, интензивна гасификација, автобуси на метан.

-Политичките власти треба да се запрашаат дали треба да ги користат граѓаните за маркетинг или да седнат и да се запрашаат што му прават на овој народ. Половина од нашето население се исели од државата, не толку од економски причини, туку зашто се плашат за иднината на своите деца. Јас сум родител на две малолетни деца. Не сакам моите деца секојденвно да ги третирам со антибиотици и некој да ми кажува дека треба да седат затворени, вели граѓанскиот активист Оливера Трајковска.

Advertisement

Граѓаните не веруваат дека проблемот со загадувањето доаѓа од греењето на дрва или од возилата. Велат дека најголеми загадувачи се погоните и дивите депонии, за кои посочуваат дека општината не сака да ги исчисти.

Градоначалникот Димитриевски вели дека протестот има политичка позадина и дека зад него стои опозицијата. Барањата ги видел и посочува дека дел од нив се имплементирани.

-Применивме дополнителни средства за стимулирање на употреба на гас кај домаќинствата. Дадовме 150 евра од скромниот градски буџет, субвенција за секој граѓанин кој што има техничка можност да се приклучи на нашата гасификациона мрежа. Сме субвенционирале градски превоз, планираме следната година повторно да воведеме субвенционирање на градскиот во зимскиот период, а воедно ширење на гасификационата мрежа за кое што проектот конечно е изготвен, вели кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Според Димитриевски, Први ќе се гасифицираат јавните објекти кои се и најголеми загадувачи.

Извор: Сител

Advertisement