Куче добило работа на бензиска пумпа откако ги избркало крадците
Доброто со добро се враќа – гласи старата поговорка во чија што вистинитост неодамна се увериле и вработените на една бензиска пумпа во Лима. Имено, работниците на пумпата во Перу, забележале слабо бездомно куче. Тоа не изгледало добро, па започнале редовно да го хранат. Не им дошло ни на крај памет дека еден ден тоа исто куче ќе ја заштити пумпата и ќе спречи грабеж.
Според Хавиер дел Кастиљо, еден од вработените, кучето по име Гринго веќе некое време барало храна и засолниште во околината на бензиската пумпа откако некој го напуштил.
Поради грижата на вработените, Гринго постепено станал редовен посетител. Поради многу лошото обезбедување, пумпата доживеала четири кражби за само седум дена и вкупно 11 во месецот.
Едно утро Гринго бил тука кога изненадно се појавиле двајца крадци наоружани со ножеви и им се заканиле на работниците, барајќи да им ги дадат парите.
„Рекоа да им дадеме се‘ што има, и тогаш Гринго веднаш излезе и се јурна кон крадците, а тие двајца избегаа“, раскажал Хавиер.
Кучето веднаш станало локален херој откако покажало неверојатна храброст и го привлекло вниманието на управата на бензиската пумпа. Компанијата одлучила да го награди Гринго и му понудила да биде обезбедување на пумата.
Кастиљо објаснил дека откако Гринго станал дел од персоналот, сите се чувствуваат многу побезбедно.
Во слободно време Гринго ужива во играњето со вработените и веќе станал многу сакан член на тимот.
„Тој всушност не прифаќа луѓе со лоши намери. Го чувствува тоа, куче е, не треба да се праша. Веднаш знае дали сте дошле со добри или лоши намери“, заклучил Кастиљо.
Извор: Телеграф рс
Фото: Shutterstock