Занимливости

Кучиња откриваат коронавирус во Обединетите Арапски Емирати

70views

Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати користи обучени кучиња за да открие присуство на инфекција со коронавирус, објави денеска телевизијата Ал Арабија.

Министерството успешно спровело неколку теренски тестирања, во кои полициските кучиња идентификувале случаи со висока прецизност на зараза со новиот коронавирус. Според експертите, точноста изнесувала 92 процента.

Тестирањата се спроведени на територијата на неколку болници во траење од две недели.

Забележано е дека обучените кучиња можат да детектираат заболени за време на патролирање низ улица, како и на фреквентни места како што се станици и аеродроми.

Извор: Сител