- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

К-15: Некои компании исплатиле само 250 денари, а некои воопшто не исплатиле

Работодавачи: Државната помош е неопходна - Работник
5.44Kviews

Фејсбук страната на порталот Работник врие од коментари во кои се наведува дека не им е исплатен К-15 на одредени работници, особено во помалите компании шиум државата. Некои пак велат дека само мала сума од целосниот регрес за годишен одмор им е исплатена, а некои добиле целосна сума, но газдите ги терале да им ги враќаат назад парите.

Кристина Ампева од Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец“ за порталот Работник вели дека до Здружението стигнале пријави за неисплатен или за делумно исплатен К-15, од работници од околу 50 компании во приватниот сектор.

Таа истакна дека компании каде што работниците не се синдикално организирани не им имаат исплатено воопшто регрес за годише  одмор на работници или пак само 2,000 денари.

Ампева посочи дека најголем проблем е тоа што има дупка во Општиот Колективен договор за приватен сектор, односно работодавачите коишто имале загуба не се обврзани да им исплатат К-15 на вработените.

„Оваа година многу повеќе фирми се осудија да не исплатат К-15, а има и такви кои исплатија 250 денари и 1,000 денари. Многу мал е бројот на оние коишто исплатија полн износ“, вели Ампева.

Според Ампева, најразочарувачки е дека во конфекциите каде што синдикат има ССМ нема воопшто исплатено К-15 или само 2,000 денари се исплатени од полниот износ. Таа наведе дека наскоро ќе ги испратат пријавите до Државниот инспекторат за труд и ќе побараат да се испитаат спогодбите меѓу синдикатот/претставникот на вработените на  и работодавачите, каде што има, како што вели таа, исплатено срамни суми. Ампева рече дека и ќе побараат да видат дали тие претставници се избрани легитимно.

„Воедно, ќе побараме и најстроги санкции за оние кои воопшто не исплатија регрес, поради тоа што Колективниот договор не дозволува воопшто да се исплати“, истакна Ампева. 

Ангел Димитров од Организација на работодавачи за порталот Работник во декември 2020 година, изјави дека компаниите кои имаат загуба воопшто да немаат обврска да исплатат К-15, но доколку по годишната пресметка за 2020 година остварат нето добивка, должни се да исплатат К-15 за 2020 година до 30.06.2021 година, до износот од 30% од остварената нето добивка.

Од ССМ пак, за порталот Работник, во истиот период, истакнаа дека: 

„Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите– ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која ја презеле“, велат од ССМ.

Посочија дека согласно член 35 од Општиот Колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.  Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Републиката исплатена во последните три месеци.

Потсетија дека за неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година, а согласно јавно достапните податоци, паричните казни се до 4.000 евра.

Бобан Илијевски