ПравдаСветот на работникот

Лаборант од Детска клиника заразен со коронавирус, во карантин половина од вработените во лабораторија

90views

Лаборант од Детската клинка во Скопје е позитивен на коронавирус, велат за „А1он“ извори од Клиниката. За него се дознало утрово кога екипа на епидемиолози дошле да направат анкета за контактите што ги имал.

Од „А1он„ велат дека половина од вработените во лабораторијата се ставени во карантин.

„Лаборантот најверојатно се заразил внатре во нашата Клиника, но се уште не сме сигурни дали од пациент или од придружба на пациент. Тој се движи по сите катови, зема крв од пациентите онаму каде што треба и има контакти со речиси сите вработени“, велат за „А1он“.

Од таму тврдат дека се до денес заразениот лаборант редовно доаѓал на работа и стравуваат дека има многу заразени ако се земе предвид периодот на инкубација од 14 дена пред да му се појават симптомите. За „а1он“ велат дека се исплашени и вработените и пациентите.