ПравдаСветот на работникот

Левица поднела седум кривични пријави против газди

Левица - Работник
336views

Изминативе денови правниот сектор на Левица заедно со професионален адвокатски тим по трудово право, поднесе седум кривични пријави против повеќе газди поради сомневање за низа сторени кривични дела каде биле прекршени работничките права и работничките односи (неисплаќање на плати и придонеси, одземање на правата за време на привремена невработеност, фалсификување на договори и фалсификување на исправи). Четири кривични пријави се адресирани против сопствениците како физички лица и три кривични пријави против фирмата како правно лице.

🔺Тужбите против сопствениците се однесуваат за следниве пријавени кривични дела: „Повреда на правата од работен однос“ (КЗ член 166 ст.1), Повреда на правата за време на привремена невработеност“ ( КЗ по член 169), „Фалсификување на исправа“ ( КЗ по член 378 ст.1 в.в. член 379 ст.1 т.3), и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ (КЗ член 380).

🔺Додека кривичните пријави против правното лице, односно против самата фирма се однесуваат за: „Повреда на правата од работен однос“ (КЗ по член 166 ст.4 в.в. ст.1), „Фалсификување на исправа“ ( КЗ по член 378 ст.4 в.в. ст.1 в.в. член 379 ст.3), и „Повреда на правата за време на привремена невработеност“ (КЗ по член 169 ст.1 в.в. член 28-а).

Левица заедно со работниците ќе продолжи да се бори против самоволието на газдите заштитени од владејачкиот естаблишмент – се до конечното освојување на политичката власт!

#РаботничкитеПраваСеЧовековиПрава
#ЗаПолитичкаВластНаТрудот

Фејсбук статус на Левица