Левица: Протест- Правда за стечајците од „Треска” – одговорност за корумпираните елити
Три децении работниците од некогашниот гигант „Треска” се принудени да живеаат во социјална маргинализација, заглавени во правните лавиринти на неправдата. Со години корумпираните политички елити предводени од СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ, во спрега со олигархијата, манипулираат со судбината и достоинството на оваа група. Иако стечајците низ годините повеќе пати преку протести побараа помош од секоја влада, нивните барања остануваат игнорирани. Дури и владата предводена од СДСМ одби средба со стечајците, под изговор дека решението на нивниот проблем може да го добијат само преку адвокат. Ова однесување од СДСМ и нејзиниот таканаречен „План за живот” не само што е скандалозно – туку е и нечовечно, пишуваат од Левица во соопштението.
Според нив, јасно е дека станува за уште еден милионерски грабеж на државен имот, директно помогнат од владејачкиот естаблишмент низ годините. Правно решение за овој случај речиси и да не постои, и тоа раководството на СДСМ многу добро го знае. Наместо Мила Царовска да ја замајува јавноста со парцијални и понижувачки социјални мерки, потребно е да се посвети на итно решавање на статусот на стечајците, кои својот живот и своето достоинство го потрошија на корумпираните и лукративни игри на сите досегашни влади. Недозволиво е додека партиската армија зема енормни надоместоци за да не оди на работа, оние работници кои чесно работеле да живеат на работ на егзистенција! За каква социјална политика тогаш зборува бившата министерка Царовска, кога проблемите на стечајците се невидливи за неа?
„Токму поради тоа, Левица заедно со стечајците од „Треска” ќе одржи протест овој петок (14.02.2020), со почеток од 10:00 часот пред поранешната фабрика со седиште на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” бр.130 ( веднаш до објектот на Елена Лука ). Добредојдени се сите да ја искажат солидарноста и поддршката против секојдневната неправда врз работничкиот народ, Само обединети стечајци можат да се изборат за своите права, само обединета работничка класа може да се избори за подобра иднина. Правда за ТРЕСКА! Правда за СТЕЧАЈЦИТЕ!“, велат од Левица во соопштението.
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024