МакедонијаПравдаСветот на работникот

Левица ќе воведе дупли дневници за работниците кои работат преку викенд

Работеле на 40 часа - Работник
308views

Политичката партија Левица, како единствена политичка партија која што се залага за правата и интересите на работниците и работничката класа, во својата изборна програма предвидува воведување на дупли дневници за работниците кои што ќе работат за викенд, намалување на работното време од 8 на 6 работни часа во текот на денот без да има штетни последици по платите и останатите надоместоци и придонеси, како и вработување на нови инспектори во Државниот инспекторат за труд, поради непрофесионалното и неквалитетно работење од страна на овој инспекторат изминативе година, истакна координаторот за труд на Левица, Бобан Кочовски.

Според него, со ова Левица ќе придонесе работниците да имаат далеку подобри услови за работење од оние кои што ги имаат во моментов. Само преку социјална држава можеме да имаме социјална правда. Левица во Парламент.