Рубрика за трудово право: Врачување на отказ
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Тема: Врачување на отказот
Нашиот Закон за работни односи во членот 75 го регулира начинот на врачување на отказот. Во тој контекст отказот на договорот за вработување мора да и биде врачен на договорната страна, на која и се откажува договорот за вработување.
Во поглед на начинот на кој може да биде врачен отказот, одредбите од членот 75 предвидуваат дека работодавачот е должен да му го врачи, отказот на договорот за вработување, лично на работникот по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
Доколку работникот не може да биде пронајден на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа (освен во случаите на оправдано отсуство од работа) или нема трајно или времено престојувалиште во Република Македонија или пак одбие врачување, откажувањето на договорот за вработување здолжително се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот.
ПРАВИЛНО е да се смета дека по изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено.
ПОГРЕШНО Е да се смета дека доколку вработениот не го прими отказот „на рака“ на работното место, може веднаш да се огласи на Огласната табла во компанијата. Тогаш ќе се смета дека отказот не е правилно врачен.
Проф. д-р Лазар Јовевски

