Лекција по трудово право: Утврдување на пензиската основа согласно работното време (полно или скратено)

Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Утврдување на пензиската основа согласно работното време (полно или скратено)
При утврдувањето на пензиската основа се зема просечната месечна плата што осигуреникот ја остварил со полно работно време. Платата која што е остварена со работа подолга или пократка од полното работно време се пресметува на просечниот месечен износ што одговара на платата за полното работно време.
Доколку осигуреникот во календарската година бил истовремено во работен однос со работно време пократко од полното работно време кај повеќе работодавачи, платата ќе му се смета така што се земаат вкупно остварената плата и часовите поминати на работа во работен однос кај сите работодавачи со полно работно време.
За време на привремена спреченост од работа поради болест и повреда, односно за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, за утврдување на пензиската основа ќе се земе надоместокот на плата.
Проф. д-р Лазар Јовевски