Можат да се изменат и 77 закони ако се има волја да се намалат платите на функционерите -Интервју со Проф. Др. Лазар Јовевски
Аудио интервју со Универзитетскиот професор по трудово право, Лазар Јовевски. Со него разговараме на повеќе актуелни теми, меѓу кои и за новите законски решенија за вработените во јавниот сектор, од кои едно од нив предвидува отворање на Центар за кариерно оспособување чиишто испити ќе одлучуваат дали вработениот ќе остане во работен однос или не.
Разговаравме и за тврдењата на дел од синдикатите дека работниците во март месец нема да добијат зголемување на платите и ограничувањата на колективното договорање. Една од темите беше дали сите одлуки и законски решенија коишто се креираат во овој период се обид да се добијат повеќе гласови од страна на вработените во јавниот сектор.
Повеќе во аудио интервјуто подолу:
Фото: Приватна архива

