- Advertisement -
UncategorisedЕкономија

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за буџетот и пакетот за обновување од пандемијата

182views

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за седумгодишен буџет и пакет за економско закрепнување од пандемијата на коронавирусот, откако ги надминаа разликите по приговорите на Полска и Унгарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

,,Сега можеме да започнеме со примена и обнова на нашите економии. Нашиот голем пакет за закрепнување ќе ја охрабри нашата зелена и дигитална транзиција” истакна Мишел на Твитер на првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел.

Деталите за постигнатиот договор засега не се познати.

Иако во Јули тие го прифатиле договорот, Варшава и Будимпешта потоа го блокираа усвојувањето на буџетот на ЕУ од 1.074,3 милијарди евра и пакетот за економско опоравување од 750 милијарди евра, бидејќи се спротиставиле на воспоставувањето механизам за одбивање средства на членките на Унијата чии влади ги поткопуваат демократските стандарди. Со години Брисел ги обвинува Полска и Унгарија за уривање на овие стандарди како и  владеење на правото.

Буџетот за периодот од 2021 до 2017 година и пакетот за опоравување во вредност од околу 1.820 милијарди евра, се сметаат за клучни за многу европски земји, чии економии биле силно погодени од пандемијата.

Во пресрет на дводневниот самит што започна денес, дипломатите и официјалните претставници на ЕУ најавија усвојување на декларација со која би се прецизирало дека механизмот поврзан со владеењето на правото нема да се користи против ниту една земја-членка без одлука на Европскиот суд на правдата. Тој процес би можел да трае една година.

Доколку лидерите на ЕУ не го усвојат буџетот до крајот на годината, блокот од 27 нации ќе продолжи да троши пари, но ќе има на располагање ограничени ресурси, бидејќи ќе може да троши најмногу дванаесеттина од буџетот за претходната финансиска година секој месец. Многу проекти за Полска и Унгарија би можеле да бидат блокирани во тој случај.

Извор: http://rs.n1info.com/