- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Лихвари можат да се пријават на анонимен број – казни затвори

Лихвари можат да се пријават - Работник
554views
Министерството за внатрешни работи неодамна почна оперативна акција која има за крајна цел сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист (многу висока камата), позната како лихварство.

Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин, во член 260, велат од МВР. 

Advertisement
Еве ги законските одредби.

„Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.  
Со казната ќе се казни и оној што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист“, се вели во законот.

Advertisement
Од МВР велат дека граѓаните можат да пријават лихвартство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.
 
Извор: Фактор

Advertisement