ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Најголем број на слободни слободни работни места, 2,044 има во услужните дејности

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.57 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.13 % има секторот Б – Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.06 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.89 %.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.37 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 044, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.