НовостиПравдаСветот на работникот

Македонија во друштво со Мавританија и Лесото: Работничките права системски се прекршуваат

   Време за читање 1 минута

Последниот Индекс за глобални права на Светската Конфедерација на синдикати од 2023 година, покажува дека состојбата со работничките права во Македонија сѐ уште е лоша.

Според Индексот, Македонија е во дел од 79 % од земјите во светот кои ги намалила правата за колективно преговарање. На истата листа се наоѓаат и Холандија и Црна Гора.

Исто така, Македонија е една од земјите чиј рејтинг е влошен во 2023 година. Имено, ИТУК во Индексот, земјите ги оценува од 1 до 5+ (1- за земји каде спорадично се прекршуваат работничките права, 5+ – за земји каде што воопшто нема гаранција за права). Македонија е оценета со рејтинг 4 и е во листата на земји каде системски се прекршуваат работничките права. На листата со Македонија од регионот и Европа се наоѓаат: Србија, Грција, Романија, Унгарија и Турција. Останатите на листата се земји од т.н. Трет свет, како: Тобаго и Тринидад, Либерија, Лесото, Мавританија, Нигерија и тн.