Масовен протест на пензионерите пред Влада: Нема отстапување од барањата, ни милиметар!
Интонирјќи ја македонската химна, пензионерите од Свети Николе ги повикаа сите граѓани утре од 11часот да излезат и да им се придружат на големиот масовен протест пред Владата. Велат, на овој начин ќе им дадат поддршка во борбата за подобра егзистенција на луѓето од третата доба. Не отстапуваат од своите барања , линеарно покачување на пензиите од 3.500денари и минамална пензија од 20.000.
„Повикувам, испраќам апел до сите утре да излезат пред влдата да излеземе сите и да си ги бараме наите права. Бидејќи некој гинел за нив. Ни ги зедоа фабриките, машините, а не оставија на улица. Два месеци протестираме никој за нас не мрдна со мал прст „ изјави пензионер кој денеска протестирае.
„Бараме веднаш во основицата на пензијата да влезат овие 3.500денари, а потоа да се усогласуват и да се најдат други реенија за минимална пензија„ изјави Трајчо Станојков од Иницијативниот одбор на пензионерите.
Најголема неправда според пензионерите кои денеска протестираа е тоа што голем дел од нив на оваа скапотија се оставени да преживуваат со 12 илјади денари, а функционерите преку ноќ си ги зголемија платите за 78%. Категорични се дека и за нив ќе им пари во буџетот, но власта треба да се откаже од луксуз и скапи дневници
„78% донеле одлука да си ја качат платата. Како тоа за нив е законски, а нас Тренчевска да не лаже дека не било законски? Народе, зошто сме толку будали? Четириесет години ни одбиват пари, треба камата да платат, а они не лажат дека нема пари! Како нема пари? „ праа пензионер
На утрешниот масовен протест во Скопје од Иницијативниот одбор најавуваат дека се очекува да пристигнат неколку стотини пензионери од целата држава. Во рок од еден месец ова е втор масовен протест. Претходно протестираа пред Министерството з труд и социјала и нивниот Сојузот.
Извор: Алфа
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024