ДСП „Обединети Работници“: Поддршка за работничкиот протест организиран од страна на КСС
Поддршка за работничкиот протест организиран од страна на КСС
Почитувани работници,
Би сакале да ве известиме дека ДСП „Обединети работници“ се приклучува на иницијативата на КСС за организирање на сенароден работнички протест, а заради остварување на принципот на еднаквост и рамноправност при уживањето на основните работнички права.
На овој протест одлучно ќе дадеме до знаење на сите релевантни субјекти дека со работникот не смее да има никакви калкулации и дека основните работнички права мораат да бидат достапни на секој работник, независно дали се работи за приватен или јавен сектор.
Протестот ќе се одржува од 26.04.2022 година па се до 29.04.2022 година, пред Собранието на РМ, со што ДСП „Обединети работници“ ќе даде свое активно учество и поддршка.
Имено, ги повикуваме сите работници да дадат своја поддршка и свој придонес во оваа борба, со што конечно ќе го кренеме гласот на работникот во Република Македонија.
Со почит.
ДСП „Обединети работници“

