МакедонијаПравда

Мајките се вратија на работа, градинките останаа полу-празни

Мајките се вратија на работа - Работник
43views

Нема голем наплив во градинките откако денеска се вратија на работа родилките кои користеа мерки, родителите на деца до 6 години и хронично болните..  Во Аеродром една од најголемите скопски општини , во градинката „Чекорче“ биле донесени вкупно 17 деца во сите 6 објекти. Капацитетите се исполнети при уписот, но не доаѓаат сите. Во градинката до сега немало сомнителен случај но секојдневно лекарот е во комуникација со негователките за состојбата на децата.

Сликата е речиси иста во сите скопски градинки. По десетина дечиња повеќе дошле денеска. Од уписите до сега не се целосно исполнети капацитетите велат за Сител од министерството.  

4500 слободни места има во сите 311 објекти на градинките  во државата. Власта тврди дека обезбедена е целосна грижа за децата и затоа ја укинале мерката.  Мајките кои протестираа по укинувањето на мерката за продолжено породилно отсуство утре се повикани  на средба со премиерот Заев.  

Извор: Сител