- Advertisement -
МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

МДС: Не престануваат пресметките во МНР со „неподобните“ за раководството

МДС: Не престануваат пресметките - Работник
253views

Македонскиот дипломатски синдикат бара од Владата да влијае на постапувањето на министерот и неговиот кабинет, како најитно би престанала харангата против неговите членови и дел од раководството на МДС, соопштија од Македонскиот дипломатски синдикат при САДУ.

Според нив, во МНР последната година “врие” од пресметки со “неподобните”. На сила и незаконски, со фалсификувани факти, им се суди на најквалитетните млади дипломати, докторанди и магистри. Притоа, се злоупотребуваат нивни колеги кои се принудуваат или се корумпираат, како би покренале дисциплински постапки против своите колеги со кои го делат лебот.

Advertisement

„Имавме и арбитрерно бркање од работа на тројца колеги, кои Судот ги врати на работа, а триесетина дипломати, од кои некои и со највисоки звања и врвни кариери, се деградирани и понижувани, додека платите и придонесите им се намалени без никакви дисциплински постапки. Туку така, според нечиј ќеиф“, велат од МДС.

Велат дека  како синдикат, речиси година дена го креваат гласот против многубројните неправди и злоупотреби на службената должност, но не гледаат подобрување. Молкум, упорно се спроведува праксата на застрашување, додека куќата неповратно тоне во реваншизам и од министерот наметнати поделби на “ваши” и “наши”. Како никогаш до сега во историјата, против МНР е поднесен голем број лични тужби од страна на вработените пред суд, а оспорен е и неславниот Етички кодекс пред Уставниот суд.

Advertisement

Од МДС го повикуваат министерот да се вразуми и да престане со шиканирање на вработените. Посочија дека во МНР како една од елитните државни институции не смее да има ни помисла за авторитарно владеење, а не пак негово драстично практицирање. Министрите доаѓаат и си заминуваат, но штетата што како најодговорни луѓе во институцијата можат да ја направат нема да можат да ја поправат повеќе генерации. Прашуваат дали е навистина успех за еден министер зад себе да остави руинирана и длабоко поделена дипломатија?

„ Што е многу, многу е!“ додаваат од МДС во соопштението.

Advertisement