- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Медиумите опфатени со четвртиот сет мерки, се бара решение за трајна финансиска одржливост

Медиумите опфатени со четвртиот сет мерки - Работник
120views

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека новинарите, медиумите и медиумските работници се опфатени со четвртиот сет мерки за справување со економските последици од корона-кризата, но најави дека има планови во соработка со експерти од Европската делегација во земјава да се направат пакети за финансиска одржливот на медиумите и по завршување на кризата.

-Новинарите, медиумите медиумските работници се опфатени со четвртиот сет на меркисо тоа што сега може да аплицираат и до бруто минимални плати, не само 14.500 туку стига до 21.770 денари. Во претходните пакети ги ослободивме од оврската за плаќање на лиценците кои ги вадат секоја година, директно преку АЕК помогнавме за одредени права на медиумите и продолжуваме и натаму. Верувам дека во скоро време ќе биде даден предлог од МИОА за укинување на членот 102 односно негова промена за да може да ги помогнеме медиумите преку остварување договори со јавни претпријатија општини и слично во делот на нивната транспарентност и спроведување на нивните ослуки како што се седниците на управни одбори, на совети…, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање пово рамки на отчетот за стработеното на Владата во првите 100 дена.

Тој појасни дека со дел од медиумската заедница во која се вклучени и националните концесионери и кабелските оператори разговараат генерално за одредена трајна одржливост на македонските медиуми без разлика дали се национални, регионални, локални, радиостаници, кабелски телевизии…

Се бара трајно решение за чие изнаоѓање е поканета и европската делегација да ни дадат експерти за да го формираме она што е најдобро за нас, а поучени од европските искуства во делот на невлијание на медиумите, а сепак обезбедување нивна дополнителна финансиска одржливост заради тоа што сите заедно заклучивме дека треба да развиваме и такви пакети. Не само заради Ковид-19, секако заради и поради тоа  се добродејдени, но и по Ковидот ќе бидат на сила, атоа дополнително ќе ја зголеми транспарентноста на државата и информираиста на граѓаните, рече премиерот Заев.