За февруарската и мартовската плата помош од околу 27 милиони евра
Над 1,6 милијарди денари, или околу 27 милиони евра, изнесува помошта за плати на вработените за февруари и март годинава што на компаниите кои ја побарале Управата за јавни приходи им ја одобри заклучно со средата.
За исплата на февруарската плата е доделена помош на 11.658 компании, во кои се опфатени 53.253 вработени. Од УЈП информираат дека вкупната финансиска поддршка за тој месец изнесува 849.671.869 денари, односно околу 14 милиони евра.
Повеќе на Вечер.прес

