МагазинНовости

Метеорит падна во Бугарија: Силниот татнеж ги исплашил граѓаните на северозападниот дел на државата

   Време за читање 1 минута

На небото жителите на соседна Бугарија забележале силна светлина, проследена со силен татнеж, кој одекнал на територијата на цела северозападна Бугарија.

Постои сомнеж дека паднал метеорит. Првите кадри од феноменот се од синоќа 21:49 часот, кои се појавија на бугарските портали.

Граѓани пријавиле дека биле сведоци на силна светлина и силна бучава.

 

Други очевидци коментираат дека и во Софија станало светло како ден за секунди.

Во Зверино пак, граѓаните виделе многу светла жолта светлина што го обоила небото. Тоа се случило за неколку секунди, но не слушнале ништо како експлозија. Тврдат дека го виделе метеоритот како паѓа.

Нешто по 23 часот бугарското МВР соопшти:

Околу 22 часот се слушна татнеж на територијата на Видинско. На терен веднаш се испратени екипи на МВР кои извршиле увид.

На лице место нема извештаи за повредени лица, предизвикани пожари, ниту материјална штета.

Истрагата е во тек, соопштува бугарски „Новини“.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *