Мизрахи во посета на Специјалниот завод-Демир Kапија: „Овие услови се нехумани, нечовечни!”
Министерката за труд и социјална политика ја посети Јавната установа Специјален завод -Демир Капија. Целта на посетата беше да утврди и на лице место да се увери и да види во какви услови престојуваат штитениците на Заводот.
Од средба и разговорот со вработените беше информирана за моменталната состојба во Специјалниот завод-Демир Капија, а од најавените реконструкции на Заводот според неа видливи се само искречените ѕидови.
„За хуманоста во условите во коишто престојуваат овие корисници не можам да зборувам. Овие услови се нехумани, нечовечни. Ова е чисто ужасие. Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме искречени ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе. Од помпезните најави можам да го кажам следново: на почетокот на владеењето на Социјалдемократскиот сојуз оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател. Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за 6 корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден негувател”, изјави министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи по обиколката на Специјалниот завод.
Мизрахи рече дека ќе се заложи оваа состојба да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа, нега и пред сѐ човечни услови за живот бидејќи секој заслужува да има пристоен живот.
- Потпишан Протокол за Соработка меѓу СПМ и НСПЦГ - 16/05/2025
- На петгодишната од своето постоење СПМ одржа Собрание - 16/05/2025
- Орце Коцевски реизбран за претседател на СПМ - 16/05/2025