- Advertisement -
Правда

Мизрахи: Децата се наше најголемото богатство и сите ние како индивидуи треба да се грижиме за нив

Мизрахи: Децата се наше - Работник
196views

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи денеска го посети семејството Комненови кое живее во лоши услови.

„Денеска го посетив семејството Комненови за тоа што ние како министерство за труд и јас како министер се грижиме за ова многудетно семејство, кои живеат во лоши услови. Среќна сум кога ќе видам семејство што има многу деца, кога ќе видам исполнета куќа со џагор, смеа и среќа. Децата се наше најголемото богатство и сите ние како индивидуи треба да се грижиме за нив. Во соработка со претставници од МТСП му помогнавме да направи барање за еднократна парична помош во износ од 30.000 денари и дополнително го информиравме за можноста да семејството добие детски додаток и додаток за образование“, истакна Мизрахи.

Advertisement

Семејството изрази голема благодарност за помошта што министерката во соработка со Црвен Крст ја додели, како и за помошта за средствата кои тие можат да ги добијат како семејство.

Advertisement

Advertisement
Advertisement