МакедонијаСиндикат

Мизрахи одржа средба со претставници на КСС

Мизрахи одржа средба - Работник
457views

Остварив работна средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) Благоја Ралповски.

Техничката Министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска одржа средба со Претседателот на Конфедерацијата на Слободни синдикати – КСС, Благоја Ралповски, објави Мизрахи на нејзиниот фејсбук профил.

Оваа прва работна средба од ваков тип е значајна од повеќе аспекти, а посебно од аспект на унапредување на социјалниот дијалог со цел подобрување на работничките права.

Конфедерацијата на слободни синдикати во која се здружени 11 грански синдикати е значаен претставник на работниците членови на овој синдикат и токму затоа е важно да се слушнат нивните размисли како да се подобри социјалниот дијалог и структурата на комуникација со институцијата под чија капа се кројат најголемиот број закони кои ги засегаат работниците.
На средбата разговаравме за гарантирањето на минималната плата, која не е доволно само да се зголеми туку и да се исплатува во целост. Исто така, беше потенцирано дека е значајна здравата работна средина, но и побезбедните работни места, развојот на демократијата, социјалната правда и солидарноста.

Токму затоа значајно е поттикнување и развивање на конструктивни односи помеѓу социјалните партнери, синдикатите, Владата и работодавачите, како и развивање на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, но и поттикнување и унапредување на колективното договарање на сите нивоа.