Мизрахи оствари средба со здруженијата „Хендикеп Плус“ и „Менуваме“
Фејсбук статус на Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи:
Денеска остваривме средба и со претставници на здруженијата „Хендикеп Плус“ и „Менуваме“.
На средбата беа споделени проблемите со кои се соочуваат во секојденевниот живот, потребата од надминување на архитектонските бариери, пристап до објектите како и останати проблеми.
Претставниците на здруженијата сметаат дека државата треба да има поголем слух за нивните барања.
Едно од барањата е формирање на Регистар за лица со попреченост, поквалитетна здравствена заштита и вработување на поголем број стручни лица кои ќе им помогнат во олеснувањето на животот на овие лица.
Изразив подготвеност за понатамошна соработка и се заложивме како МТСП дека посветено ќе ги решаваме проблемите на овие лица со предлагање нови политики и законски решенија коишто ќе ги креираме заедно со претставниците на здруженијата и организации за лица со попреченост.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025