Мизрахи: Ќе го згрижиме семејството кое ја доживеа трагичната несреќа
Време за читање помалку од минута
По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, во рамките на моите надлежности и МТСП испратив стручни лица на терен, сѐ со цел навремено згрижување на семејствата.
Екипа на ЦРС Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од семејствата кое прифатило ќе биде сместено веднаш.
Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите.
Уште еднаш, изразуваме длабоко жалење за немилиот настан кој вчера ја потресе Македонија, објави Мизрахи на нејзиниот фејсбук профил.
Latest posts by Портал Работник (see all)