Германија ја зголемува минималната плата на 12 евра за час

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговите социјалдемократи чекор по чекор одат кон остварување на едно од нивните клучни изборни ветувања, зголемување на минималната плата на 12 евра на час, започнувајќи од октомври.

Во моментов минималната плата во Германија е 9,82 евра на час, а од јули ќе се зголеми на 10,45 евра на час.

Социјалдемократскиот министер за труд Хубертус Хеил проценува дека 6,2 милиони работници ќе имаат корист од зголемувањето на платите, што ќе ги чини работодавците 1,63 милијарди евра во периодот од октомври до декември, според предлог-законот.