МакедонијаСветот на работникот

КОЖУВЧАНКА ИМА 185 ВРАБОТЕНИ, најголема плата дава Соко Горица

Индустријата за вода и безалкохолни пијалаци во 2025 година покажува поинаква, но многу интересна слика: компаниите направиле поголем промет, добивката силно пораснала, а бројот на вработени се зголемил. Истовремено, кај компаниите што исплаќаат највисоки просечни плати, платите одат нагоре.

Анализата на Пари, во соработка со Бизнис Мрежа, покажува дека кај 43 компании од овој сектор вкупниот приход во 2025 година достигнал 78,8 милиони евра. Добивката изнесувала 8,3 милиони евра, наспроти 4,9 милиони евра една година претходно, што значи дека профитот пораснал за 69,39 насто.

Пораснал и бројот на вработените. Во 2025 година во секторот работеле 828 лица, наспроти 801 лице во 2024 година. Тоа е зголемување за 27 вработени, односно раст од 3,37 насто.

Повеќе прочитајте тука

Автор: Катерина Михајлова