Мирчевска за Пари: Задоволните и мотивирани вработени се вреден капитал, причина за уште поуспешни резултати на компанијата

Постои сè поголема неусогласеност помеѓу работната средина што вработените ја посакуваат и онаа што нивните организации им ја овозможуваат. Тоа е причина зошто толку многу работници ги напуштаат своите работни места и зошто компаниите имаат проблем да ги пополнат отворените работни места. Ова се случува во западните земји, но е забележливо последните години и во Македонија. Како да се задржат вработените, како да бидат задоволни на работното место e еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите во изминативе години. И тоа се однесува на работни позиции од целата хиерархиска структура. Во интервју за порталот Пари, на оваа тема разговараме со Елизабета Мирчевска менаџер за човечки ресурси во Атлантик Група, компанија која оваа година доби признание за Најдобра ХР практика на годината, во изборот на Македонската Асоцијација на Човечки ресурси (МАЧР).

Повеќе на Пари.мк