МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Митревски со правосилна одлука од Вишиот управен суд се враќа на функцијата претседател на ССМ

42views

Поранешниот претседател на ССМ повторно се враќа на таа функција откако во 2017-та година беше заменет со актуелниот претседател Дарко Димовски, објави Сител.

Митревски денеска на прес-конференција објави дека Вишиот управен суд донесе пресуда со која се уважи неговата тужба и се поништи решението на Комисијата за жалби на Република Македонија од септември 2017та година.

„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски. 

Тој очекува следната недела Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот.