МакедонијаПравдаСветот на работникот

Михајло од Гостивар за здравствените работници: Треба да се гордееме со нив

105views

Михајло од Гостивар раскажа како изгледала неговата борба со коронавирусот, а неговата исповед на својот Фејсбук профил ја сподели министерот за здравство Венко Филипче. 

“Моите две деца и жената ми сѐ се во животот. Поради нив издржав. 

На инфективното одделение во гостиварската болница бев сместен околу три недели, а претходно имав 10 дена температура која постепено се качуваше. Докторите во болницата постојано беа со нас. Освен тоа што се грижеа за моето здравје, тие во текот на денот доаѓаа и ме прашуваа како сум. Многу сум задоволен од нив и треба да се гордеме со нашите здравствени работници. Три недели без семејството не е лесно и затоа им порачувам на сите да носиме заштитна маска, затоа што таа нѐ штити нас и нашите најблиски“, пишува Михајло.