МакедонијаСветот на работникот

Мицкоски најави вработување на 300 професионални војници: Апел до сите млади луѓе да се пријават

   Време за читање 1 минута

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани нови вработувања на професионални војници во АРМ, изјави:

„Апсолутно да. Планирано е објавување на оглас за прием на 300 професионални војници и ја користам еве оваа прилика, благодарам на прашањето, да ги повикам сите оние млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата, да се вклучат и се добредојдени. Ги повикувам сите граѓани, сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина.“

Ваквата изјава на премиерот следува по ланските најави.

Министерството за одбрана ќе вработи нови 300 професионални војници, 60 граѓани со цивилни факултети, и ќе инвестира во модернизација и реконструкција на капацитетите. Буџетот за 2024 година изнесува 329 милиони евра, со значителни средства насочени кон подобрување на борбената готовност и условите за вработените.