НовостиСветСиндикат

МОЖЕ ДА СЕ ПАРАЛИЗИРА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Штрајкуваат 50.000 пристанишни работници

   Време за читање 2 минути

Речиси 50.000 пристанишните работници на источниот брег на САД и во Заливот го започнаа својот прв штрајк од 1977 година. Тие бараат повисоки плати, бенефиции и сигурност на работното место. Се предвидува дека штрајкот целосно ќе го запре сообраќајот во некои од најважните американски пристаништа, од Хјустон на југ до Бостон на североистокот на земјата.

Се проценува дека штрајкот ќе ја чини економијата дури 4,5 милијарди долари дневно.

Штрајкот се очекува да  трае кратко, но доколку трае две или три недели може да доведе до парализирање на американската економија, недостиг на стоки во продавниците и компаниите и запирање на извозот од пристаништата.

Работниците кои го започнаа штрајкот обично се одговорни за префрлање на контејнери од бродови, нивно сортирање и префрлање во камиони и возови. Три петтини од контејнерите пристигнуваат во земјата преку пристаништата на истокот на земјата и во Заливот.

Поради штрајкот беше прекинато пристигнувањето на автомобили и тешка механизација преку пристаништето Балтимор.

Врз основа на претходниот договор, пристанишните работници заработувале до 39 долари на час.

Шефовите на синдикатот бараат зголемување од пет долари на час секоја година во период од 6 години. За 6 години, платата тогаш би била до 69 долари на час.

Пристанишните работници на Западот на САД моментално заработуваат 233.000 долари годишно кога се вклучени редовната плата и прекувремената работа, а исто така добиваат и околу 100.000 долари годишно од здравствени, пензиски и други бенефиции.

Некои аналитичари нагласуваат дека една од главните грижи на работниците и синдикатите е и тоа што не сакаат да бидат заменети со машини во процесот на автоматизација.

Можноста за сериозни економски проблеми го става претседателот Џозеф Бајден во тешка позиција пет недели пред изборите. Тој има можност да го прекине штрајкот, но претходно изјави дека нема да го користи законот кој постои од 1947 година и кој му дава можност да го стори тоа. Аналитичарите велат дека тој не сака да ги налути синдикатите чија поддршка му е потребна на изборите.