СветСиндикат

„Моментално зголемување на платите за 17 %“

   Време за читање 1 минута

Извршниот директор на авио компанијата American Airlines на стјуаресите им понудил моментално покачување на платите за 17 % откако преговорите меѓу двете страни не вродиле со плод и ги зголемиле изгледите за започнување на штрајк.

Извршниот директор на компанијата Роберт Исом порачал дека бил постигнат напредок во бројни клучни области, но дека преостанува уште да се работи, пренел CNBC.

Медиумот наведува дека авио компанијата и Здружението на професионални стјуардеси (Association of Professional Flight Attendants – AFPA) досега не успеале да се договорот за главните прашања како платите, бидејќи стјуардесите немаат добиено зголемување уште од пред периодот на пандемијата.

„Покрај зголемувањето на платите за 17 %, на стјуардесите им претставивме и нова формула која би го зголемила нивното учество во профитот“, рекол Исом.

Одборот на AFPA подоцна денеска ќе расправа за предлогот, рекла претседателката на синдикатот Џули Хедрик која истакнала дека фокусот на авио компанијата мора да биде на подготовка на подолгорочен договор со стјуардесите.

Двете страни би требало да се состанат, заедно со државните посредници, следната недела со цел последен обид да се постигне договор, соопштил синдикатот и им порачал на стјуардесите да се подготват за штрајк.

Штрајковите се исклучително ретки меѓу вработените во авио компаниите, а последниот се случил во 2010 година меѓу пилотите на компанијата Spirit Airlines, напоменал медиумот.

Извор: b92.net

Фото: shutterstock,fornStudio