- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

„Моментално работиме комбинирано“: Која е компанијата во Македонија што ги применила ковид моделите на работа?

Фото: Freepik
754views

Бобан Илијевски

Што се однесува до Македонија, работата од далечина или хибридниот начин на работа се уште се табу теми, со оглед на тоа дека многу малку се зборува за истите. Од страна на Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска беше истакнато дека работата од далечина ќе биде вметната во новиот Закон за работни односи, поради тоа што во стариот и се уште важечкиот Закон работата од далечина е дефинирана само во три члена, со кои само се одредува дека работниците можат да работат од дома и дека ги имаат истите права како и останатите работници, во однос на безбедноста и здравјето при работа.

Еден дел од работното време дома, а еден во канцеларија или пак само од дома. На овие начини бараат да работат речиси сите работници во Западна Европа и САД, откако пандемијата не принуди да се изолираме од работниците места и да преминеме на работа на далечина, притоа и да смениме голем дел од работните навики.

Фото: Pixbay

Факт е дека голем дел од работниците кои работеле во канцеларија, не сакаат да се вратат назад, барем не целосно на канцелариско работење. Поради ова, насекаде во светот се заговара нов модел на работа којшто би бил комбиниран – хибриден начин на работа. Овој начин на работа им одговора и на работодавачите, најмногу поради тоа што вработените на кои нема да им се овозможи хибриден модел на работа, даваат отказ од работа.

Едно истражување на британската Агенцијата за изнајмување на деловен простор „ Instant Offices“ покажало дека 90 % од британските работници сакаат поголема флексибилност, односно самите да можат да одредат од каде ќе ја работат својата работа.

Што се однесува до Македонија, работата од далечина или хибридниот начин на работа се уште се табу теми, со оглед на тоа дека многу малку се зборува за истите. Од страна на Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска беше истакнато дека работата од далечина ќе биде вметната во новиот Закон за работни односи, поради тоа што во стариот и се уште важечкиот Закон работата од далечина е дефинирана само во три члена, со кои само се одредува дека работниците можат да работат од дома и дека ги имаат истите права како и останатите работници, во однос на безбедноста и здравјето при работа.

Работниците во Македонски Телеком пробале како е да се работи комбинирано

Големите компании во Македонија коишто имаат канцелариски вработени, има најголеми шанси да имаат искористено некои од „пандемиските“ модели на работа. Земајќи ја во предвид таа претпоставка Порталот Работник испрати прашања до Македонски Телеком и А1 Македонија за тоа дали тие го примениле моделот за работа на далечина или пак некој друг флексибилен за своите вработени во дирекциите. Мораме да потенцираме дека после испратените прашања плус едно потсетување, од А1 Македонија до овој момент не ни одговорија на прашањата.

Од Македонски Телеком добивме кратки одговори на нашите прашања. Во истите од Телеком наведоа дека пандемијата и на нив како телекомуникациска компанија им донела многу предизвици, а еден од нив било адаптирањето на работа од дома, без притоа тоа да се одрази на работењето на компанијата.  

Фото: Unsplash

„Дополнително имавме голема одговорност да ги одржиме капацитетот на мрежата и интернет пристапот стабилни, кога целиот живот се одвиваше онлајн. Нашиот фокус беа корисниците, но и здравјето и безбедноста на нашите вработени и нивните семејства. Телеком ги има сите потребни алатки и ресурси за работа од далечина, така што многу брзо се адаптиравме и минатата година поголем дел од колегите работеа од дома“.

Постојано ги следат препораките и насоките на надлежните работници, велат од Телеком, нагласувајќи дека моментално работат комбинирано, од работните простории и од дома, со зголемена претпазливост, притоа имајќи ги предвид работните обврски и состојбата на тимот.

За моделот на работа, сметаат дека е предмет на одлука на секоја компанија, бидејќи според нив, зависи од многу фактори.

Нивен став е дека ништо не може да ги замени консултациите и брејнстормингот во живо, но актуелната ситуација ги принудила состаноците да ги одржуваат онлајн.  

Според нив, најважно е агилното работење и подготвеноста, отвореноста за нови методи и принципи на работа, затоа што самиот пазар на труд, како што велат, доживува брзи промени и истите нема да запрат, што е нормален процес предизвикан од забрзаната дигитализација.

Раководителот на правниот сектор, човечкиките ресурси и Compliance Manager во австрската компанија Новоматик АГ во Македонија, Билјана Чкламовска, во едно интервју за порталот Работник зборуваше за работата од далечина и колку таа би можела да се примени во Македонија, како и за за постоечкиот Закон за работни односи во корелација со овој начин на работа. Истото можете да го прочитате на следниот линк.