МакедонијаПравда

МОН инсистира на испити онлајн – за физичко присуство ќе мора посебен протокол одобрен од Владата

31views

Се уште е на сила владината уредба која предвидува целокупната дејност на високообразовните институции да се одвива по електронски пат. Протокол со кој ќе се дозволи полагање на испити со физичко присуство на факултетите нема, но не исклучуваме негово донесување по предлог од Комисијата за заразни болести.

Министер Адеми потсетува – секој факултет е должен да обезбеди технички услови за кредибилна електронска настава.

“Ако се одлучимe да им дадеме можност да организираат испити со физичко присуство на студентите, тоа ќе биде по донесувањето на посебен протокол кој ќе биде на предлог од Комисијата за заразни. Мора да се почитуваат препораките од Владата и здравствените авторитети”.

Изјавата на Адеми доаѓа ден по објавата на Ректоратот на УКИМ дека во продолжената јунска сесија во предвид доаѓаат и двата начина на полагање. Оттаму велат дека владината уредба предвидува полагање по електронски пат, но само доколку има услови.

Одлуката за полагање во студентските кабинети и предавални ја темелат на протоколот донесен пред една недела од Владата, кој меѓудругото предвидува одржување на собири во затворени простории со максимум 30 лица на физичко растојание од еден и пол до два метри, со носење на заштитни маски.

И додека кај нас трае дискусијата кој е најдобриот начин за квалитетна настава за време на пандемија, еден од најреномираните светски универзитети донесе одлука.

Целата настава на Кембриџ за наредната академска година ќе се одвива по електронски пат. Универзитетскиот кампус е затворен за оваа учебна година, а сите предавања и испити уште од март се спроведуваат преку интернет.

Извор: Сител