МакедонијаПравда

МОН смирува – учебната година ќе заврши регуларно, на 10 јуни

МОН смирува - учебната година -Работник
153views

Децата и родителите од утринава беа збунети откако во службен весник излезе информација во која стои дека новата учебна година ќе трае од 1-ви октомври до 31-ви август. По бурните реакции МОН смирува дека сепак таа за учениците ќе заврши на 10 јуни како и секогаш.

„Децата ќе одат на училиште до 10-ти јуни, иако поради здравствената криза наставата почна еден месец подоцна, учениците нема да седат во улилиште клупи до 21 август“, велат од Министерстовто за образование и наука.

Од министерството додаваат дека треба да се направи разграничување на поимите настава и учебна година, а дека тука стои дека учебната година трае до 31 август, за разлика од наставната која е пократка.

Крајот на учебната година секогаш досега беше на 31-ви август и така ќе биде и овој пат. Додека, наставната година трае помал број на денови и треба да се направи разграничување на наставна од учебна година. Овој пат наставната година започнува на 1-ви октомври и трае до 10-ти јуни. Во минатите години, траеше од 1-ви септември до 10-ти јуни, велат од МОН.

МОН: Првиот училишен ден помина успешно

Министерството за образование и наука известува дека првиот училишен ден помина успешно за најголем дел од учениците во државата. Физичката настава, онаму кадешто Владината комисија утврди дека има услови, се одржува согласно протоколите пропишани од здравствените власти. Платформата „Microsoft teams“ се покажа како стабилна за одржување онлајн настава и во најголем дел учениците и наставниците денеска се приклучија успешно или со помали тешкотии.

Од утрово успешно се реализира и емитувањето на 15 минутните часови на телевизија преку Националната радио телевизија за што однапред се објавени распоредите, посочија од МОН. Велат дека Министерството за образование и наука укажува дека одлуката за следење настава со физичко присуство ја носат здравствените експерти.

„Следејќи ги нивните насоки, при организација на наставата МОН имаше два приоритети – заштита на здравјето на сите учесници во образовниот процес и обезбедување пристап до образование за секое дете. Бојкот на наставата целосно го деградира образовниот процес, а најголемата штета од ова ја трпат токму децата. Образовниот процес мора да продолжи – клучно за развојот на секое дете е да ја следи наставата, без разлика дали е тоа онлајн, или со физичко присуство. Исто така, апелираме до сите да останат посветени и доследни на одговорноста која секој од нас ја носи во заштита на здравјето на децата, но и на јавното здравје“, велат од МОН. 

Истакнаа дека оваа година е несомнено различна од сите останати. Меѓутоа, според нив, она што е важно е што сите ученици имаат можност да следат настава и се во континуирана комуникација со наставниот кадар.

„МОН, заедно со сите учесници во креирање на онлајн платформата продолжува и понатаму будно да ја следи состојбата на терен. Надлежните власти продолжуваат да ја следат епидемиолошката слика во секоја општина и да носат одлуки согласно актуелната состојба“, посочија од МОН.