НовостиСветСветот на работникот

МОТ: Минатата година во Србија биле регистрирани 82,000 случаи на детски труд – Во светот 160 милиони деца помлади од 17 години

   Време за читање 2 минути

Националниот координатор на Меѓународната организација на труд (МОТ) во Србија, Јован Протиќ денеска изјавил дека во Србија минатата година биле идентификувани 82,000 случаи на детски труд, што значи дека децата од пет до 17 години работеле иако ситуацијата за нив не била погодна ни по прашање на физичкото ни по менталното здравје.

„Во Србија минатата година се идентификувани 82,000 случаи на детски труд. Тоа значи дека децата од пет до 17 години работат во ситуација која за нив не е погодна ни од агол на физичкото ни менталното здравје. Две третини од тие деца се во земјоделството и работат со родителите во домаќинствата“, потенцирал Протиќ на отворањето на конференцијата „Ризиците на новата ера – нова ера на одржливоста“, во организација на платформата Be Risk Protected.

Додал дека поради тоа претставниците на МОТ минатата година ја поминале во подигнување на свеста во руралните области на Србија дека тоа може да биде штетно по децата.

„Денес во модерно ропство се 28 милиони луѓе, бидејќи тој пазар вреди 150 млијарди долари годишно, а тие пари во џеб ги става некој благодарение на експлоатацијата на тие работници, а меѓу нив е се и околу 160 милиони деца помлади од 17 години“, рекол Јовиќ.

Спред него, на работниците денес влијаат и климатските промени поради прекумерните температури кои во текот на минатата година довеле до смрт на блиску 19,000 работници, додека забележани се повеќе од 22 милиони повреди при работа.

Додал дека поради тоа една од основните цели на МОТ е поддршка на целите за одржлив развој во областа на заштита на животната средина.

Повеќе од милион луѓе, како што рекол, минатата година влегле во групата на екстремено сиромашни работници во светот.

„Податоците покажуваат дека имаме 241 милион луѓе во светот кои се подготвени да работат за помалку од два долари дневно. Тоа е линијата на екстремната сиромаштија“, рекол Протиќ.

На тој број на екстремно сиромашни, рекол, можат да се додат и повеќе од 420 милиони луѓе кои работат за 3,5 долари дневно, што е пет пати помалку од минималната плата во Србија.

Нагласил дека МОТ преку законодавствата се бори за правата на работниците, односно преку воведување на меѓународни работни стандарди кои се однесуваат на борбата против детскиот и робовски труд, борбата за безбедност и здравје при работа, борбата против дискриминацијата.

Извор: Danas.rs

Фото: Медија центар