М-НАВ: Тенденциозни се нападите кон нас, вработувањата се според истите критериуми како и претходно
Хаос во М-НАВ. Примени неадекватни кадри, оставки од раководители и директори, интерни преписки, препукувања, најавени штајкови, деманти. Македонската навигација пука по сите шавови.
Последните вработувања во македонската навигација ја вознемирија јавноста. Компанијата која треба да биде најсилната алатка за безбедноста во областа на летањето на мекадонското небо, вработила кадри кои, барем според дел од пишувањата на медиумите, не се адекватни. Имено станува збор за каднидати кои стигнале до последниот степен на тестирање, но поради не знаење, решиле да не ги одговорат прашањата на тестовите, но и покрај тоа биле вработени.
Токму заради оваа причина оставки на раководните инструкторски места си поднеле голем број на инженери, раководители на секотри, а нивниот најголем поддржувач и прв потпишан на известувањето, е еден од тројцата директори на М-НАВ Љубе Стаменковски.
Ова е првпат директор, член на Управниот одбор М-НАВ, да застане на страната на синдикат во М-НАВ, во која Агенција во сопственост на Владата, последниве две години контролорите и техничкиот дел се борат со самоволие на раководството предводено од главниот директор Фахрудин Хамиди, главно околу вработување на партиски и роднински нестручни кадри преку сомнителни огласи.
Повеќе на Алфа