Над 2.500 работници недостигаат во услужните дејности и продажбата
Државниот завод за статистика ја објави состојбата за слободни работни места во второто тримесечје од 2024 година. Како што соопштија најмногу работници недостигаат во групата Услужни дејности и продажба.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.95 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.68 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување во кој изнесува 0.00 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.69 %.
Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.55 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2 543, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.