Uncategorised

НАД 40 % ОД МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ЌЕ НАЈДАТ СТАБИЛНА РАБОТА – ПОРАСНА ПРОЦНЕТОТ НА ОНИЕ КОИ БИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ВЕДНАШ

   Време за читање 3 минути

Корупцијата и несигурните работни места се најголема грижа на младите во Југоисточна Европа, покажува студијата на Фондацијата Фридирх Еберт. Многу од испитаниците се надеваат дека нивните земји ќе се приклучат кон ЕУ. Меѓутоа, една особена грижа значајно пораснала. На прашањето за грижите кои ги окупираат во врска со иднината на своите земји, младите во Југоисточна Европа ги издвоиле корупцијата и невработеноста. Ова е резултатот на репрезнтативната студија за младите во Југоисточна Европа 2024, која ја изработи Фондацијата Фридрих Еберт и која ги истражува ставовите, надежите и грижите на младите луѓе во 12 земји од регионот.

Корупцијата и несигурноста на работните места како најголема грижа

За 62 % од испитаниците корупцијата е најголем проблем со која нивните земји ќе се соочат во наредната деценија, по што следуваат невработеноста и емиграцијата. Младите луѓе често за првпат се соочуваат со корупцијата во образовниот систем: 61 % од испитаниците сметаат дека оценките и испитите можат да се купат од институциите и универзитетите.

Уште едно значајно прашање во целиот регион се несигурните работни места, кои ги карактеризираат нестабилни договори за вработувње, како доминатен облик за вработување на младите. Во земјите како Босна и Херцеговина и Република Македонија повеќе од 40 % од младите се песимисти во поглед на пронаоѓање на стабилно вработување. Кога е во прашање испитувањето на грижите, во пораст се и стравот од војни, насилство, болести, но и од загадување на животната средина и климатските промени.

1

Можноста за членство во ЕУ буди надеж

Довербата во демократијата како политички систем е во пад ширум регионот, но младите и понатаму во голема мера ги поддржуваат демократските вредности. Младите кои живеат во земји кои не се членки на Европската унија дури покажуваат поголем одѕив кога е во прашање гласањето на избори во однос на своите врсници во земјите членки на ЕУ. Можното членство во ЕУ и понатаму буди оптимизам во државите од регионот кои не се членки, а многу млади токму ЕУ ја поврзуваат со подобра иднина.

Спротивно на ова, младите внатре во ЕУ државите стануваат се‘ поголеми песимисти кога се во прашање моменталната економска состојба и пазарот на труд во нивните земји. Како резултат на тоа, младите од целиот регион и понатаму сакаат да емигрираат, првенствено од економски причини.

Во продолжение графикон за тоа колкава е желбата на младите од регионот да емигираат. Според истиот, може да се заклучи дека за 5 години процнетот на млади од Македонија кои имаат силна намера да се иселат пораснал од 17,2 % на 22,6%.

Vergleichsstudie Fig 32

Репрезентативното истражување го спровел ИПСОС во период од 9.2.2024 до 25.3.2024 низ 8,943 интервјуа со млади на возраст од 14 до 29 години во Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Грција и Турција.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.