- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Над 50 % од текстилните работници во Штип се на колективен одмор

Без петтиот пакет мерки - Работник
325views

Околу 3,500 текстилни работници во Штип се на колективен одмор. Државна помош нема, се раскинуваат договори, се намалуваат нарачки.Текстилната индустрија е пред амбис. Компаниите велат ова е преодна фаза, пред конечни отпуштања. Состојбата дополнително ја усложнува и корона кризата и затварањето на Европа поради која нивните традиционални партнери не знаат дали ќе склучуваат нови договори.  

Донесувањето на новиот петти пакет антикризни мерки заедно со уште неколку други закони се уште е блокиран во Собранието.  Договор падна меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по средбата на нивните лидери, но од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа илјадници амандмани и остануваат на ставот дека ќе ги повлечат само доколку се најде решение за Законот за државјанство. Политичките игри сериозно ќе го погодат источниот регион бидејќи тука се лоцирани дури 40 % од текстилните и кожарските фабрики.

Неколку големи текстилни  компании во Штип ја чекаат државната помош за да исплатат плати на работниците. На државно ниво според УЈП плата за февруари чекаат околу 7000 работници. Истражувањето на невладината ЗМАИ, покажа дека поради корона кризата лани се изгубиле 6.800 работни места во кожарството и текстилството.