МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

НАкС: Апсурдно е ректорот на УКИМ да се повикува на слободата на синдикалното здружување и отворено да застане зад префериран синдикат

НАкС: Апсурдно е ректорот - Работник
138views

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека му понудил на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски да му бидат ставени на располагање резултатите од нивното истражување за подигнување на квалитетот на високото образование и за подобрување на социо-економскиот статус на вработените на УКИМ, но тој не ја прифатил понудената соработка. Од НАкС наведуваат дека не добиле поддршка ниту од УКИМ.

Напротив, посочуваат од НАкС, ректорите на УКИМ и на УКЛО на 21 јануари со дописи испратени до вработените преку деканатите на единиците иницираа формирање нов синдикат, игнорирајќи го нашето постоење, но и на СОНК – синдикат што исто така делува во високото образование.

– Образложението за ваквиот чин е дека мора да се потпише колективен договор на ниво на работодавач, и тоа единствено со нов репрезентативен синдикат, со еден единствен член на договорот – еднократно покачување на платите од 10 отсто како единствен начин вработените да го добијат ветеното покачување на платите. Така, вработените на УКИМ и УКЛО добија организиран повик за зачленување и пристапница само за новиот синдикат во основање. Ниту еден вработен на УКИМ, досега, нема јавно преземено одговорност за иницијативата за основање ваков синдикат. Единствениот гласноговорник на новиот синдикат во основање е сѐ уште ректорот на УКИМ, стои во соопштението, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука