НАкС: Во МОН не уверуваа дека не иницирале нов синдикат
Преставниците на Независниот академски синдикат (НАкС) денеска на средба во МОН со министерот за образование и наука Арбер Адеми и вицепремиерката Мила Царовска биле уверувани дека тие не иницирале и не се одговорни за основање синдикати на јавните универзитети. Од владините претставници им било ветено и дека до крајот на денот ќе бидат разгледани нивните аргументи и предлози.
-Претставниците на Владата нè уверуваа дека ниту иницирале ниту стојат зад незаконската постапка за формирање на синдикатите. Што се однесува до покачувањето на платата на вработените во високото образование од 10 проценти, претставниците на НАкС изнесоа аргументи дека за исплаќањето на ветеното покачување нема законски пречки, тоа не е условено со колективен договор, и посочија правни механизми за негово реализирање веднаш, изјави в.д. претседателката на НАкС Елена Џукеска, објави Канал 5.
Целосниот текст прочитајте го тука
- Ова е можеби најодалечената, но и најслатката работа на светот: Потребни се луѓе за броење на пингвини на Антарктикот - 13/10/2024
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024