МакедонијаСветот на работникот

Намален бројот на вработени во текстилниот сектор поради кризата во Германија, спасот се гледа во унгарскиот кредит

   Време за читање 1 минута

Со намален обем на работа и во најава затварање на погони, вака  кризата во Германија, се рефлектира на македонскиот текстил. Преполовениот број на налози од германскиот партнер, за 14% го намали и бројот на работници во оваа гранка, што е и најголем пад во изминатите 15години, алармираат од Организацијата на работодавачи. Нивните предвидувања и за наредната година  не се оптимистички доколку состојбата во Германија, не се стабилизира.

Вкупниот број на работници го достигна минимумот за последните петнаесет години, значи помалку од 30.000 работници. И мислам дека додека состојбата во Германија не се поправи, додека оптимизмот кај тие граѓани не се поправи, да не мислат на скривници, на заштита од нуклеарен напад, мислам дека состојбата наредната година би се влошила уште повеќе„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Повеќе на Алфа